Во Македонија е евидентирана зголемена смртност кај пчелите, што е последица на лошите временски услови во изминатиот период, соопшти денеска Федерацијата на фармери.

Според проценките на пчеларите, кои се членови на федерацијата, смртноста на пчелите се  движи во просек од 20 до 50 отсто.

Пчеларите претпоставуваат дека штетните последици со изумирање на пчелите ќе продолжат и во овој период и штетата ќе биде поголема.

Со цел да ублажат штетите ФФРМ бара веднаш да се изврши исплата на субвенциите за пчелните семејства за 2011 со цел земјоделците средствата да ги употребат за подигање на останатите живи пчелни семејства или купување на нови.

OhridNews
Извор:Макфакс