Новогодишната прослава на осум тинејџери, сите на возраст помеѓу 18 и 19 години, во викендица во Посушје,  во кантонот Западна Херцеговина, се претвори во голема трагедија. Босанско-херцеговските медиуми повикувајќи се на сведоци и првичните информации од истрагата, јавуваат дека тинејџерите се затруле од гас од агрегат за производство на струја, кој е исклучително токсичен. Никој од четирите момчиња и четирите девојки не преживеал.

Случајот го пријавиле млади од соседната викендица утрово околу 10 часот, откако забележале дека никој не излегол од куќата до нив од претходната ноќ.

На местото на настанот денеска пристигнале родителите на починатите тинејџери. Скршени од болка тие едвај стоеле на нозе. Државата БиХ најави прогласување неколкудневна национална жалост поради незапамтената трагедија што ги потресе земјата и регионот.

OhridNews
Фото: Скриншот YouTube