Градоначалникот на Општина Охрид заедно со тим од секторот за Туризам и локален економски развој во понеделник на 11-ти ноември 2014 година во Прага ќе одржи презентација на туристичката понуда на Охрид.
На презентацијата се очекува да присуствуваат позначајни тур оператори од Чешката Република, новинари од најзначајните специјализирани магазини за туризам и истакнати информативни медиуми.
На настанот ќе бидат присутни и претставници на сите поголеми хотели и туристички агенции од Охрид. Од охридската локална самоуправа велат дека според организацијата и големината на промоцијата, истата претставува најзначен настан што општина Охрид сама го организирала и реализирала
Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, по презентацијaта на градот која беше направена во Стразбур во Советот на Европа.
OhridNews