Олимпискиот вицешампион, Евгениј Плушченко, поради повреда се повлече од 22-те Зимски олимписки игри и објави крај на кариерата. „Тука ја завршувам кариерата. Годините ми дозволуваат да продолжам, но 12 операции се премногу“, изјавил легендарниот лизгач.


Триесет иедно годишниот Плушченко, на стартот на Игрите освои златен медал во екипна конкуренција. Во четвртокот тој доживеал незгоден пад при изведување на троен ексел, на загревањето, за настапот во кратката програма.

Плушченко, во кариерата освоил златен медал на ОИ во Торино во 2006 година, а четири години потоа го освои сребрениот медал.

 

„Макфакс“