Ракометарите на Охрид забележаа висока победа 30:21 над Дукла Прага во првиот натпревар од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Кул што се одигра синоќа во салата „Билјанини извори“.
Бодрени од верните „Рибари“ домашните играчи одиграа добар натпревар во кој во еден момент во финишот имаа и двоцифрена предност. Како изгледаше европската битка во „Билјанини извори“ погледнете од фотографиите на нашиот репортер Анамарија Момироска:
Големата европска победа на ГРК Охрид низ фотографии
Реванш натпреварот помеѓу Дукла Прага и Охрид се игра на 21 февруари во Чешка.
Г.М.
Фото: А. Момироска
ЕХФ Европски Куп: Охрид со +9 ќе патува на реваншот од 1/8 финалето во Прага








































































