Поради пожари и екстремни временски услови поради кои мора да се евакуираат околу 200.000 луѓе, во американската држава Калифорнија прогласена е вонредна состојба.

Повеќе од два милиони луѓе во Калифорнија останаа без струја, затоа што најголемата компанија за дистрибуција на електрична енергија превентивно го исклучи снабдувањето за да спречат нови пожари.

Голем пожар го зафати подрачјето на долината Напа во северна Калифорнија, позната по бројните лозја, додека друг пожар го загрозува градот Ваљехо во областа на Сан Франциско.

Во јужна Калифорнија, во областа Санта Кларита во близина на Лос Анџелес, пожар уништи 18 објекти. Најголема евакуација беше спроведена во округот Сонома каде на 180.000 им беше наредено да ги напуштат своите домови.

OhridNews