Утрово во Охрид се измерени 0 степени Целзиусови. До крајот на денот ќе се задржи сончево и потопло време, со мала облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 15 степени.
И во петок времето ќе се задржи претежно сончево. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст. Во сабота ќе има зголемена облачност и од попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се преместуваат кон исток. За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец. До недела дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините, информира УХМР Македонија.
OhridNews












