Во американската сојузна држава Калифорнија од саботата беснее шумски пожар што пожарникарите не можат да го локализираат поради силните ветрови.

Најголемиот пожар северозападно од Сакраменто се прошири и денеска на 28.300 хектари, додека пожарникарите успеаа да локализираат само пет отсто од огнот. Повеќе од 2.100 пожарникари се ангажирани од саботата во гасењето на пожарот.

Калифорниските власти издадоа налог за евакуација на населението во различни зони, а локалните денеска излегоа со апел до населението да внимава, бидејќи голем број Американци со огномет и скара го слават Денот на независноста на САД .

Температурата последните денови во Калифорнија се движи околу 40 целзуисови степени.

Шумски пожари има и во западниот дел на САД.