Фудбалскиот свет со шок и неверување ја прифати веста за тренерот на Севиља, Едуардо Берицо кој боледува од рак на простата. Екипата на Барселона прва се понуди за лекарска помош за Берицо кој на своите фудбалерите за болеста им откри на полувремето од дуелот со Ливерпул во Лигата на Шампиони.
Ако Севиља ја прифати помошта од Барселона за здравјето на Берицо ќе се грижат истите доктори кои го излекуваа Ерик Абидал кој имаше слична болест.
– Претседателот на Барселона ми се јави и ми понуди целосна лекарска помош за Берицо. Нивниот лекарски тим има искуство со вакви работи и сигурно ќе ни бидат од голема помош. – изјави Хозе Кастро првиот човек на Севиља.
Тој ја потврди веста дека Берицо ќе остане тренер на Севиља и сите заедно ќе се борат со неговата болест. Поддршка до својот колега упати и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде кој мечот со Јувентус не зборуваше за исходот туку се молеше за неговото здравје.
OhridNews