Селекцијата која ги сруши македонските сништа за пласман на Олимписките игри, Тунис е прв ривал на „црвено жолтите“ во Б групата на Мундијалот во Франција.
Тунижаните ни се големи должници, но и стари познаници, бидејќи и Мундијалот во Катар го отворивме против нов, тогаш со убедлива победа во еден од најдобрите мечеви на Македонија воопшто.
– Последната наша пресметка со Тунис мина многу лошо и се уште печи тој пораз кој ни ги уништи сништата за пласман на Олимпијада. Без притисок и набој, но без предавање секако можеме да стигнеме до триумф кој ќе ни ги отвори вратите за пласман во втората фаза. – изјави Стојанче Стоилов.
Селекторот на Македонија, Лино Червар довербата да го бранат голот им ја додели на Благојче Трајкоски и Кирил Колев, додека Никола Митревски заедно со Жарко Пешевски и Ристо Арнаудовски ќе го проследат мечот од трибините. Натпреварот започнува во 17 и 45 часот.
СП: Трајкоски и Колев на голот од Македонија против Тунис !
OhridNews