Големите бранови, деновиве, на охридскиот кеј од водите на езерото исфрлија големи количини комунален отпад, реса и песок.

Со цел расчистување на кејот, екипите на „ Јавна хигиена“ се вонредно ангажирани. Во  текот на вчерашниот ден активностите за чистење на исфрлениот отпад и песок траеја до 20  часот, а денес продолжија од раните утрински часови.

Досега се подигнати 20 метри кубни разновиден отпад.

OhridNews