Иако денешните протести пред градската болница и општината, ги организираа невладини организации, меѓу учесниците можеа да се забележат вработени во општинските и државните јавни претпријатија, на локалната самоуправа и подрачните единици на министерствата, локални политичари и активисти на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, како и членови на подмладоци на партиски ограноци, што многумина го протолкуваа како прво мерење на силите на големите партии пред претстојните локални избори.


охриѓани на протести, едни пред болница, други пред општина

Градоначалникот Петрески, кој и самиот учествуваше во протестот пред болницата, истакна дека во локалните јавни претпријатија и во општината работат охриѓани кои како и нивните семејства се засегнати од бавната реконструкција на медицинскиот центар и на овој начин го изразуваат својот револт, за што тој им благодари.

Oрганизаторите на протестот пред Локалната самоуправа, пак, истакнаа дека собирот претставува своевиден граѓански отпор против намерите за на општинските власти за отуѓување на јавното претпријатие „Проаква“ кое стопанисува со највредниот природен ресурс – водата.

OhridNews