Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст Охрид преку Клубот на Млади, организира хуманитарен пијано концерт на кој ќе настапи талентираната пијанистка Викторија Митеска, која се школува во класата на проф. д-р Ана Гацева.
Хуманитарниот музички настан ќе се одржи денес, четврток, во просториите на Основното музичко училиште „Методи Патчев“, со почеток во 19 часот.
Влезот е слободен, а средствата собрани во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на влезот, ќе бидат наменети за здравствените потреби на лица со социјален ризик од Охрид.
OhridNews












