Невремето што ја зафати Црна Гора предизвика големи поплави во Будва и Рисна, а од помал размер во Подгорица, информираат црногорските медиуми.

Во Будва голем број автомобили останале заглавени во водата, а поради обилните дождови и зголеменото ниво на водата, во некои делови од градот патиштата се поплавени и непроодни.

Во Подгорица голема штета предизвикал силниот ветар кој корнел стебла, а врнежите од дожд биле со послаб интензитет.

OhridNews