Жителите на Загреб утрово ги дочека хаос на улиците на градот. Паднати дрва, расфрлани канти за отпад, срушени семафори…Цела ноќ во хрватската метропола дуваше силен ветар со јачина од 70 километри на час, поради што службите за интервенција имаа полни раце работа.

Во текот на ноќта евидентирани се 240 интервенции, а две особи се повредени.

Надлежните издадоа предупредување граѓаните да избегнуваат престој на отворено поради невремето кое се очекува и во текот на денот.