По повод претстојните православни празници и слави, концесионерот на Oхридското Езеро „Пастрмка 2012“, значително ја намали цената на белвица и крап.
Белвицата во рибарницата на „Пастрмка 2012“ кај градскиот пазар, отсега ќе се продава по цена од само 250 денари за килограм, додека килограм крап ќе чини 200 денари.
Покрај белвица и крап, во рибарницата на „Пастрмка 2012“ ќе може да се купи и друг вид сезонска риба, информира концесионерот на Охридското Езеро.
OhridNews