Големото стенд ап шоу на извонредниот охридски актер и комичар Никола Тодороски, ќе го најави жешкото културно лето во Охрид.

Шоуто ќе се одржи утре вечер, петок, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, а љубителите на стенд-ап комедијата ќе имаат екслузивна можност да го проследат новиот материјал на Никола Тодороски.

Карти по цена од 150 денари,  можат да се набават секој работен ден после 15 часот на билетарата од Центарот за култура „Григор Прличев“.

OhridNews