Фудбалерите на Баерн Минхен запишаа нови три бодови на табелата во Бундес лигата победувајќи го составот на Фортуна Диселдорф со убедливи 5-0 (3-0).

„Баварците“ фаворитската улога ја оправдаа по само 45 минути игра во кои постигнаа три погодоци. Гостинскиот фудбалер Јоргенсен кумуваше на водечкиот погодок за домаќините. За  2-0 погоди Павард, а третиот погодок беше дело на Левандовски. Полскиот голгетер Левандовски со вториот погодок на мечот зголеми на 4-0, а конечните 5-0 ги постави Дејвис.

Баерн Минхен се одлепи десет бодови од Борусија Дортмунд која има меч помалку. „Милионерите“ во 29-та рунда силите ќе ги одмери со тимот на Падерборн.

OhridNews