Чуварот на мрежата на Вардар, Дејан Милосављев го понесе епитетот најдобар голман во првата рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони.
Српскиот интернационалец со маестралните 15-те одбрани одигра клучна улога во триумфот на „црвено црните“ во Франција против Монпелје. Голманот е единствен преставник од Вардар. Двајца свои ракометари има германскиот тим Рајн Некар, а по еден Кокс, Мешков Брест, Киелце и Барселона.
Првата рунда што се однесува до голманите помина во знакот на вардаровиот голман кој со тројната одбрана го зазеде првото место во изборот на најдобрите пет. Видео прегледот можете да го погледнете тука.
Идеалниот тим:
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн Некар Левен)
Лев бек: Нико Ронебрг (Кокс)
Среден бек: Сандро Обрановиќ (Мешков Брест)
Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)
Десен: Алекс Гомез (Барселона)
Пивот: Јаник Колбахер (Рајн Некар Левен)
OhridNews