Селекторот на Шкотска, Крег Левин, во пресрет на квалификацискиот
натпревар со Македонија, се соочува со сериозни проблеми на голманската
позиција.

Првиот голман на Шкотска, Алан Мекгрегор, кој беше еден од најдобрите
играчи на мечот со Србија во саботата и неговата резерва Мет Гиликс се
повредени, поради тоа Левин во репрезентацијата го повика чуварот на
мрежата на Сент Мирен, Крег Самсон.

„Не знам дали Мекгрегор или Гиликс ќе можат да играат против Македонија и морав брзо да реагирам“, рече предводникот на Шкотите.

Натпреварот помеѓу Шкотска и Македонија, во рамките на второто коло во А групата, ќе се одигра во вторник со почеток во 21 часот.

Ohridnews
“Макфакс“.