Правилото “гол во гости“ го “кошташе“ Интер пласман во 1/4 финалето. “Нероазурите“ триумфираа над Олимпик Марсеј на “Џузепе Меаца“ со 2-1, но на првиот натпревар французите победија со 1-0 и благодарение на погодокот на Брандао во судиското продолжение озбебедија историски пласман во осумте најдобри на стариот континент.


Шампионот од 2010 година, Интер преку аргентинецот Милито во 75-та минута ја анулираше предноста на Марсеј од првиот меч. Кога сите очекуваа дополнителни 30 минути, Брандао не мислеше така и со голема среќа го совлада, Жулио Цезар.

Во финишот на мечот, Пацини беше соборен во казнетиот простор, Проенса покажа на белата точка и голманот на Марсеј, Мандана го испрати во соблекувалните, токму Пацини беше прецизен и донесе пирова победа за “нероазурите“.

Мх.П.