
На „Ѓомлезијадата“ учество ќе земат повеќе индивидуални производители на традиционалниот македонски специјалитет, ѓомлезе, домаќинки, туристички работници, агенции, хотелиери, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, невладини организации, претставници на соседните општини, гости и туристи.
Манифестацијата со својот настап ќе ја збогатат неколку фолклорни групи од Охрид.
Целта на манифестацијата е да се истакнат традиционалните вредности на Македонија, кои и тоа како можат да придонесат во развој на алтернативните видови туризам, пред се на руралниот, за што особено Велестово располага со големи капацитети.











