– Традиционалните рецепти за подготовка на домашна храна, претставуваат вистинско богатство на нашите домаќинства и неисцрпна можност за туристичка промоција за градот, а промоцијата на ваквите традиционални локални специјалитети, претставува исклучителна можност за развојот на претприемништвото во руралните делови и придонес во развојот на руралниот туризам во целина, велат од Секторот за туризам и локален економски развој.
Ѓомлезијадата која има натпреварувачки карактер ќе биде збогатена со културно уметничка програма. Манифестацијата започнува во 10.30 часот.