Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, викендот на 24-ти август, во с. Скребатно за прв пат ќе се одржи манифестацијата „Охридска Софра“, на која на граѓаните, гостите и посетителите ќе им биде презентирано богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од севкупната туристичка понуда и туристички производ.

Како главни активности на оваа манифестација ќе бидат промоција на традиционални јадења и пијалоци, а во нејзин склоп ќе се одржи и традиционалната Ѓомлезијада, која ќе биде со натпреварувачки карактер со награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина.

Воедно учесниците ќе имаат можност да ги истакнат и своите готвачки вештини преку подготовка на традиционални охридски јадења на самото место, за чија што промоција се обезбедени промотивни штандови.

Пријавувањето за учество на манифестацијата е во тек, а заинтересирани што сакаат да бидат дел од настанот можат да се пријават во просториите на Секторот за туризам и ЛЕР најдоцна до 16 август.

ОhridNews