– Доволно дадов за Охрид и ракометот во градот. Натпреварот со Струга ми беше последен на клупата од Охрид. Од клубот заминувам со крената глава бидејќи ги поставив темелите во сениорската и младинската школа и го оставам местото на некој друг, кој може да му помогне на ракометот – рече Горан Андоновски.
Што се однесува до мечот, Андоновски жали за пропуштената шанса да се совлада “езерскиот“ ривал Струга.
– Штета што овој натпревар не го добивме поради перфектната игра во одбрана. Ги доведовме до 19 голови, а ние на домашен терен на успеавме да постигнеме повеќе голови. Поискусните играчи имаа некои грешки кои не се дозволени на вакви натпревари, а и среќата ни го сврте грбот. Не сме екипа стабилна екипа бидејќи на домашен терен играат едни играчи, а на гости други и неможиме да ја пресликаме играта на гостувањата – истакна Андоновски.