Ракометниот клуб Охрид остана непоразен во дербито со Пелистер во Битола ремизирајќи 26-26. Најзаслужен за освоениот бод, вкупно 13-ти сезонава на табелата беше Благојче Трајкоски кој успеа да скроти удар од седум метри во самиот финиш од мечот.


– Ракометарите изгинаа на теренот во вистинска смисла на зборот. Морам да ги пофалам за карактерот бидејќи не е лесно да се игра под константен притисок целиот натпревар. Квалитетот наш излезе на виделина кога најмногу требаше и мислам дека заслужено го освоивме бодот во Битола. – рече Горан Андоновски.


Охриѓани, веднаш се насочуваат кон новиот предизвик во Супер лигата наречен Прилеп кој ќе го пречекаат пред своите гледачи.

– Освоениот бод против Пелистер нема да значи ништо ако не го добиеме Прилеп на домашен терен. И крајно време е охридската публика да дојде во што поголем број и да му даде ветар во грб на ракометарите бидејќи тие тоа го заслужуваат. – заврши охридскиот стратег.


По ремито во дербито Пелистер и Охрид останаа лидери на табелата со ист број на бодови пред Еурофарм Работник кој има бод помалку.

Трајкоски одбрани бод за Охрид во Битола

OhridNews