Капитенот на Македонија, Горан Пандев ќе биде амбасадор на Супер купот на Европа кој на 8 август ќе се одигра во Скопје на „Телеком Арената“.
На националната арена во осмиот месец од оваа година ќе се сретнат победниците од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа. Со оглед на екипите кои останаа во четвртфиналињата во двете престежни клупски натпреварувања Скопје ќе домаќин на спектакуларен натпревар.
Фудбалската федерација на Македонија на официјална пресконференција ќе го престави Пандев за амбасадор на најголемиот спортски настан во Македонија.
OhridNews