Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Го­ран Пан­дев е на мета на лондонскиот премиер лигаш Челси. Како што тврдат странските медиуми португалецот Андре Виља Боаш покажал интерес за македонскиот офанзивен играч за врска.


Пандев досега ги одбиваше сите понуди, покажувајќи ја цврстата желба да го испочитува договорот кој го има со “нероаѕурите“ до ју­ни 2014 го­дина.

Горан Пандев во Интер дојде во јануари 2010 година, откако претходно шест години мина во Лацио. Пандев со Интер победи во Лигата на шампионите, првенството и купот на Италија и ја освои титулата на Светското првенство за клубови.

Ohridnews