Средниот бек Горан Печенковски го продолжи бранот заминувања од Ракометниот клуб Охрид откако потпиша договор со македонскиот вицепрвак, Металург.
До сега договорот со охридскиот клуб не го продолжија Кирил Колев и Иван Тасески кои заминаа во Пелистер и Иван Стојановиќ кој замина во Италија.
Печенковски, две сезони ги бранеше боите на Охрид каде се афирмираше во македонски репрезентативец и активно учествуваше во историските успеси на клубот.
Покрај Печенковски еден од двата македонски преставници во Лигата на Шампиони, Металург се засили уште со Дарко Арсиќ, Мартин Марчец, Немања Обрадовиќ и Дарко Димитриевски.
OhridNews