„Имаме професионални актери, опрема, простор и репертоар и ако тоа некој во Охрид не може да го види мислам дека треба отворено  да се постави прашањето зошто Охрид нема сеуште професионален театар“-вели актерот и режисер Горан Стојановски кој е гостин во втората емисија „Охридски разговори“, што OhridNews  ја реализира во соработка со „Лабино продукција“.


Стојаноски смета дека денес ни недостасува борбен дух, без што не можат да се одбранат човечките принципи и да се зачува идентитетот. Според него, Охрид не смее да ја пропушти шансата половина век по укинување да го реоформи професионалниот театар, што ќе придонесе градот да излезе од културната хибернација во која запаѓа по завршување на  летната сезона. За него е несфатливо зошто политичарите немаат разбирање за културните потреби на граѓаните, што говори за духовната криза која владее во општеството. Стојаноски сепак е оптимист дека многу скоро театарот во Охрид ќе се институционализира, за што позитивни сигнали има од надлежните државни институции.

Целосното интервјуто со Горан Стојаноски можете да го погледнете во емисијата „Охридски разговори“, која од денеска се емитува на OhridNews tv.


Актерот и режисер Горан Стојаноски гостин во „Охридски разговори“

OhridNews