Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов изјави во интервју за германскиот “Билд”, декај се приближува нова “студена војна”, jaви “Спутник”, пренесува „Макфакс“.

Според него, односите меѓу големите земји продолжуваат да се влошуваат што, според мислењето на поранешниот советски лидер, покажува дека светот се подготвува за војна.

“Сите знаци” за студена војна се “пред нас”, рече Горбачов.

Исто така, според првиот и последниот претседател на СССР, во голем број на региони почна трка во вооружување, која е во полн замав, а меѓу другото, армиитена Русија и НАТО се имаат поставени еден против друга, што не беше долго време.

Покрај тоа, Горбачов укажа и на воинствените политичари говори, кои доаѓаа од високи воени претставници, пренесуваат медиумите”.

OhridNews
извор: „Макфакс“