Голем пожар вечерва избувна во близнина на Подмоље. Огнот зафатил поголема површина трска во Охридското Езеро, како и сува трева и дрвја на крајбрежјето, при што изгореа голем број природни живеалишта на птици и животни.

Пожарот го забележале жители на Подмоље кои ја алармирале противпожарната единица во Охрид, која деноививе има полни раце работа. Огнот бил изгаснат и ставен под контрола со интервенција на пожарникарите од струшката единица.

Само во месец март на територијата на општина Охрид евидентирани се 36 пожари. Причина за избувнувањето на секој од нив е човечки фактор.

OhridNews