– Победата е голема, сите знаеме како е да играш во Тетово. Одигравме фантастичен натпревар, трите бода ги освоивме заслужено, а на крајот можевме да славиме уште поубедливо – посочи охриѓанецот Ѓорески.
Победата над Шкендија, ќе влее дополнителна самодоверба во “сината“ чета. Амбициите на Брегалница пред почетокот на сезоната беа да се замешаат во горниот дел од табелата.
– Сеуште ја бараме формата, но вакви гостински победи ќе донесат поголема доза на самодоверба. Неколку фудбалери покасно се приклучија на подготовките затоа нашата форма е променлива – рече Ѓорески.
Брегалница во 15-та рунда од првата македонска фудбалска луга во Штип го пречекува Металург.