По победата над Шкендија место да тргнат резултати во нагорна линија за  Брегалница, “сината чета“ потклекна на домашен терен и претрпе пораз од Металург 1-0.

Фудбалерите на штипскиот прволигаш во 17-та рунда од шампионатот се пред нова дерби пресметка овој пат ќе се сретнат со второпласираниот Хоризонт Турново на домашен терен. Охриѓанецот во дресот на Брегалница, Сашо Ѓорески е оптимист пред “источното дерби“.

– Не очекува тежок натпревар. Како противник го респектираме Турново бидејќи поседуваат доста квалитетни фудбалери. Ние не се плашиме, напротив нивните добри резултати ќе бидат наша дополнителна мотивација – истакна Ѓорески.

По шеснаесет одиграни натпревари Брегалница има 23 бодови и се наоѓа на шестата позиција. Противникот на “сините“ Хоризонт Турново е второпласиран и само бод заостанува од лидерот Вардар.

Мх.П.