Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ пресече и го објави конечниот список на кошаркари кои ќе ги бранат боите на „орлите“ на Евробаскетот.
Предводникот на светскиот вицепрвак за српските медиуми изјави дека одлуката околу играчите за настап на Евробаскет била најтешка во тренерската кариера.
– Ова беше најтешка одлука во мојата тренерска кариера без никакво сомнение. Сите кошаркари беспрекорно работеа и многу ми е криво што нема место за сите. – рече Ѓорѓевиќ.
Последни двајца кошаркари кои отпаднаа од списокот се Немања Дангубиќ и Владимир Штимац, а Србија на ЕП ќе настапи и без Бобан Марјановиќ кој доби забрана за играње од Сан Антонио Спарс.
Противници на Србија на Евробаскетот во групата Б се Турција, Исланд, Италија, домаќинот Германија и Шпанија.
Составот : Милош Теодосиќ, Богдан Богдановиќ, Немања Недовиќ, Стефан Марковиќ, Драган Милосавлевиќ, Никола Калиниќ, Немања Бјелица, Марко Симоновиќ, Зоран Ерцег, Мирослав Радуљица, Никола Милутинов, Огнен Кузмиќ.
Ohridnews











