Ѓоргиев: 176 километри локални и 74 километри регионални патишта до крајот на годината
14.07.12 15:31
До крајот на 2012 година ќе бидат изградени дополнителни 76 локални патишта со вкупна должина од 176 километри, во вредност од околу 15 милиони евра, за кои се потпишани договори, најави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Според утврдената динамика, во јули се планирани 25 локални патишта со должина од 54 километри и инвестиција од 4,54 милиони евра. во август: 26 локални патишта со должина од 62 километри и инвестиција од 4,78 милиони евра, во септември: 8 локални патишта со должина од 19 километри и инвестиција од 1,11 милиони евра, во октомври: 10 локални патишта со должина од 25 километри и инвестиција од 2,26 милиони евра и ноември: 7 локални патишта со должина од 16 километри и инвестиција од 1,56 милиони евра.
Ѓорѓиев информираше дека во тек е постапка за избор на изведувачи за 32 локални патни правци за Пелагониски, Југозападен, Полошки и Скопски регион, која ќе заврши за 20 дена, и тоа значи дополнителни нови 30 локални патишта.
На почетокот на август ќе бидат распишани два повика за избор на изведувачи за околу 60 дополнителни локални патни правци за сите осум региони, чија градба би започнала крајот на оваа година.
Покрај локалните патишта ќе се работи и на реконструкција и рехабилитација и на регионалните патни правци. До ноември 2012 година ќе бидат завршени 4 патни правци:
-Струга – Дебар
-Кавадарци – Мушов Гроб
-Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница
-Радовиш – Конче – Лубница
Вкупната должина на овие патишта е 74 километри, во вредност до над 10 милиони евра.
Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање...
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на РЦСОО „Ванчо Питошески“, во присуство на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, секретарот Александар Китески, вработените и учениците...
На 16102026 во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 48-годишно лице од Охрид При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „црв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.