На ден пред старот на продоложението на првенството Илчо Ѓорѓиоски е нов шеф на стручниот штаб на најтрофејниот фудбалски клуб Вардар. Заедно со Ѓорѓиоски својот прв тренинг во редовите на црвено-црните пред почетокот на пролетниот дел од сезоната го одржаа уште шестмина доскорашни фудбалери на Македонија ЃП.


Ѓорѓиоски и шестемина новаци во екипата на Вардар доаѓаат од редовите на Македонија ЃП, актуелниот првак, кој пред пет месеци беше казнет со префрлување во најнизок натпреварувачки ранг, откако раководството одлучи да ја бојкотира првата лига.

Тренерот Ѓорѓиоски и поголемиот дел од новодојдените фудбалери ја предводеа Македонија ЃП минатата сезона кон својата прва шампионска титула со 17 победи и само 14 примени гола во 33 натпревари.

Вардар ќе го отвори вториот дел од сезоната откако денес на Филип II, ќе го пречека Милано.

Ohridnews
фото “Дневник“