Манастирот Трескавец кај Прилеп, попладнево бил зафатен од голем пожар.

Како што пренесоа дел од агенциите, во Центарот  за управување со кризи во Прилеп  монах од манастирот пријавил дека избувнал пожар и дека е зафатен голем дел од овој значаен духовен храм од XIII век.

Противпожарни екипи се упатиле кон манастирот, а поради тешко пристапниот терен, надлежните служби упатиле апел до локалното население кое поседува теренско возило да помогнат во гаснењето на пожарот.

OhridNews