Пожар попладнево избувнал во атарот на село Издеглавје, општина Дебрца. Зафатена е поголема површина, во најголем дел трева и ниска вегетација, како и дел од блиската шума.

Од Професионалната противпожарна служба Охрид информираат дека во гаснењето на пожарот се ангажирани две екипи со возила и дека ситуацијата е под контрола.

OhridNews
фото: Архива