Во соблекувалната од најтрофејниот клуб Реал Мадрид нешто “крчка“ подолго време. “Кралевите“ сезонава не наликуваат на себе, тргнувајќи од двата порази во “Ла Лига“, проблемите со несреќниот Роналдо и трансфер сагата на Лука Модриќ. Во јавноста  излезе „муабет“ од соблекулната пред денешниот меч со Манчестер Сити.


Прво на фудбалерите им се обратил Мурињо кој рекол: Одам на прес и не земам никој со мене. Гледам дека никој од фудбалерите не се бори за мене на теренот така и јас денеска ќе се борам само за себе. После Мурињо, се обратил капитенот Икер Касиљас – Дечки што ни се случува нам, па ние сме Реал Мадрид.

Зборивте на Игуаин најдобро ја опишуваат состојбата на Реал Мадрид моментално: Сите знаеме што ни се случува, ни треба воздух, неможеме да дишеме – метафорочки се изразил аргентинецот. „Несреќниот“ Роналдо пак кој само молчел.

Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид го пречекува Манчестер Сити во првата рунда од Лигата на шампиони.

Мх.П.