„Горица“ е името на новата плажа во истоимената месност. Свеченото отворање на плажата се одржа синоќа во присуство на голем број гости.
Плажата е модерно уредена, со лежалки, тревнати површини и угостителски објект, каде гостите ќе можат да се разладат и освежат од жешкото сонце.
На овој простор пред еден век имало чифлик за што сведочат и архивските фотографии кои се изложени на плажата „Горица“. Дел од овој имот со денационализацијата им е вратен на наследниците, кои го уредија и подготвија за туристите.