Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,611 отсто, кај дизелот за 3,788, кај екстра лесното масло за 4,448 и кај мазутот за 1,779 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,807 отсто.
OhridNews











