Цената на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 74,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 76,50 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 65,00 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство на ќе се продава по цена од 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,429 ден/кг и еден килограм ќе чини 37,862 ден/кг.

OhridNews