Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со одлуката на РКЕ за 0,95 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 41,705 денари.
OhridNews











