Еколошки инцидент се случи попладнево, кога поголема количина гориво се излеа во водите на Охридското Езеро кај градскиот кеј. Маслената дамка се протегаше во должина на целиот кеј од каде се ширеше непријатна миризба.
По пријава на граѓани на местото на настанот излегоа претставници на Комуналната инспекција, екипи на МЈП „Проаква“, на Министерството за животна средина и просторно планирање како и Државниот инспектор за животната средина Зоран Димовски кој допатува од Битола. -Ова е уште еден инцидент кој го отсликува односот кој го имаме кон животната средина. Надлежните инспекциски органи на општината и државата се на терен и работат на утврдување од каде е дојдено ова загадување. Очекуваме сторителот да се пронајде и најостро да се казни, изјави за OhridNews, Дејан Пановски од Министерството за животна средина.
Според првичните информации од истрагата горивото било испуштено во канализационата мрежа во која биле пронајдени траги од деривати, а поради обилните врнежи непречистените атмосферски води завршија директно во Езерото.
-Земени се проби за анализи кои треба да покажат за какво загадување се работи и од колкав обем, истакна Пановски, нагласувајќи дека согласно законските прописи за загадување на заштитени подрачја покрај парична се предвидува и казна затвор.
Градоначалникот Кирил Пецаков беше дел од државната делегација која кој оставри средби во седиштето на УНЕСКО во Париз Оваа посета, вели Пецаков, е исклучително значајна, бидејќи за прв пат еден гр...
Променливо облачно со сончеви периоди Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег Ќе дува умерен, а долж Повардар...
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Европската макросеизмичка скала вечерва во 22:05 часот го погоди регионот на Призрен, Косово Земјотресот бил со епицентар на 12 километри југоисточно од Пр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.