Денес, во 1.30 часот во СВР Охрид е пријавено нарушување на јавниот ред и мир од страна на лице од Охрид.
Според пријавата, охриѓанецот во тоалетот од угостителскиот објект фрлил предмет кој испуштил силна миризба од што, три лица од Скопје се пожалиле на болки и солзење од очите. Набрзо, повикана била итната медицинска помош со чие возило, лицата се пренесени на очното одделение во Општата болница во Охрид каде им е укажана неопходна медицинска помош.
Се работи на целосно расчистување на случајот.












