Врнежливото време поколеба голем број граѓани од Македонија да допатуваат во Охрид за првомајските празници.

Во нешто помал број за разлика од минатата година допатуваа и гостите од странство. Најбројни се туристите од соседните држави, но има гости и од други европски земји.

Исполнетоста на хотелските капацитети за 1 Мај е различна. Дел од нив се целосно исполнети, додека некои само половично.

Најмногу туристи има од Бугарија и Србија, додека и оваа година изостана присуството на гости од Грција. Денеска се очекува да допатуваат и домашните гости кои најчесто отседнуваат во викенд становите и приватното сместување.

Ohridnews