Од МВР информираат дека денес, во 00.27 часот, на граничниот премин Меѓународен aеродром-Скопје пристигнал воздухоплов што сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.
Во 00.50 часот од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство кај 74-годишно лице од Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.