Единаесеттото коло во шпанската Примера носи неколку интересни дуели, а епитетот дерби може да го понесе дуелот помеѓу Леванте и Реал Мадрид.

Двата тима се наоѓаат во добра форма, Реал е фаворит, но ’кралскиот клуб’ сигурно претпазливо ќе влезе во овој меч, со оглед на тоа дека во минатото првенство беше поразен од Леванте.

Атлетико Мадрид, кој во минатото коло го забележа првиот пораз, во малото градско дерби ќе го пречека Хетафе.

Лидерот Барселона, во Мајорка, ќе се обиде да се рехабилитира за поразот од Селтик во Лигата на шампиони. Барселона нема пораз во Примера, додека Мајорка, која имаше одличен старт, се наоѓа во длабока криза, оваа екипа има низа од пет загубени натпревари.

Колото, во петок, ќе го отворат Бетис, кој високото котира во новото првенство и Гранада, која по серијата од три порази падна на претпоследното место на табелата. Примера, 11.коло:

Петок, 9. ноември:  Бетис-Гранада

Сабота, 10. ноември: Рајо Ваљекано-Селта, Еспањол-Осасуна, Сарагоса-Ла Коруња, Малага-Реал Сосиедад,

Недела, 11. ноември: Ваљадолид-Валенсија, Атлетик Билбао-Севиља, Мајорка-Барселона, Атлетико Мадрид-Хетафе, Леванте-Реал Мадрид

Табела: Барселона 28, Атлетико 25, Реал 20, Бетис 19, Малага 18, Леванте 17 . . .