Македонскиот фудбалски првак, Вардар во петтата рунда во фазата по групи во Лигата на Европа гостува кај тимот на Зенит. За „црвено црните“ ова ќе биде последно гостување, бидејќи следниот меч од шестата рунда го играат на домашен терен против Розенборг.
Русите се големи фаворити на дуелот со „вардарци“ и се освен победа на домаќинот ќе биде големо изненадување. Зенит со 10 бодови е лидер на табелата, додека Вардар без бодови е последен.
– Да бидам искрен, не очекував четири порази од четири натпревари, но зошто е тоа така има неколку фактори. Прво, играчите имаа малку одмор пред да почнат да се подготвуваат за европските натпревари. Второ, тимот одигра шест исцрпувачки мечеви во Европа пред да се пласира во групната фаза. Трето, нашата група е тешка, патувањата се долги, а сите наши противници имаат искуство во вакви натпревари, кое ние го немаме. Не е Зенит само обичен тим туку е еден од најдобрите во нашата група, и не само во нашата група туку и од сите кои се натпреваруваат во Европската лига. Зенит не губи на домашен терен, но ние доаѓаме подготвени за овој меч, знаеме дека имаме добар тим и ќе истрчаме на терен со мотив за бод или три, затоа што овој тим на Вардар со добри тимови покажа дека знае да игра. – изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.
Натпреварот во Санкт Петерзбург се игра во 19 часот. Во истиот термин се игра и вториот дуел од групата во кој ќе се сретнат Розенборг – Реал Сосиедад.
Двојки:
Група А: Астана – Виљареал (17ч), Макаби Тел Авив – Славија Прага
Табела: Виљараел 8, Астана 7, Славија Прага 5, Макаби Тел Авив 1
Група Б: Партизан – Јанг Бојс, Скендербег – Динамо Киев
Табела: Динамо Киев 10, Партизан 5, Јанг Бојс 3, Скендербег 1
Група Ц: Брага – Хофенахајм, Лудогорец – Истанбул Башакшехир
Табела: Лудогорец 8, Брага 7, Хофенахајм 4, Истанбул Башакшехир 2
Група Д: Милан – Австрија Виена, АЕК – Ријека
Табела: Милан 8, АЕК 6, Австрија Виена 4, Ријека 3
Група Е: Евертон – Аталанта, Лион – АПОЛОН
Табела: Аталанта 8, Лион 8, АПОЛОН 3, Евертон 1
Група Ф: Локомотив Москва – Копенхаген (19ч), Шериф – Злин (21:05ч)
Табела: Копенхаген 6, Шериф 6, Локомотив 5, Злин 2
Група Г: Лугано – Хапоел Беер Шева, Викторија Плзен – ФЦСБ (Стеауа)
Табела: ФЦСБ (Стеауа) 10, Викторија Плзен 6, Хапоел Беер Шева 4, Лугано 2
Група Х: Бате Борисов – Црвена Ѕвезда, Келн – Арсенал
Табела: Арсенал 10, Црвена Ѕвезда 4, Бате Борисов 4, Келн 3
Група И: Коњаспор – Олимпик Марсеј, Салзбург – Виторија Гимараеш
Табела: Салзбург 8, Олимпик Марсеј 6, Виторија Гимараеш 4, Коњаспорт 4
Група Ј: Атлетик Билбао – Херта, Оестерсундс – Зорија
Табела: Оестерсундс 7, Зорија 6, Атлетик Билбао 5, Херта 4
Група К: Лацио – Витесе, Ница – Зулте Варегем
Табела: Лацио 12, Ница 6, Зулте Варегем 4, Витесе 1
Група Л: Розенборг – Реал Сосиеда, Зенит – Вардар
Табела: Зенит 10, Реал Сосиедад 9, Розенборг 4, Вардар 0.
OhridNews